Услови за користење на апликацијата
Последно ажурирано: 2 јули 2026 · Управувано од KVERTI DOO
1. Општи одредби
Со преземање, регистрација и користење на апликацијата EVA („Апликацијата“), корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и ги прифаќа овие Услови за користење.
Апликацијата овозможува пребарување и резервација на услуги во ресторани, кафе-барови и други угостителски објекти.
2. Регистрација на корисник
За користење на одредени функционалности може да биде потребна регистрација.
Корисникот се обврзува да обезбеди точни, целосни и ажурни податоци и е одговорен за чувањето на своите пристапни податоци.
3. Резервации
- Корисникот може преку Апликацијата да врши резервации кај угостителски објекти кои се дел од платформата.
- Резервацијата е валидна само по добивање потврда преку Апликацијата или електронска пошта.
- Угостителскиот објект го задржува правото да одбие или откаже резервација во случаи на недостапност, технички проблеми или други оправдани причини.
4. Откажување на организирани настани и враќање на средства
Доколку од било кои причини се откаже организиран настан, уплатените средства на корисникот ќе му бидат вратени од страна на операторот на Апликацијата во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на извршената резервација, освен доколку поинаку не е предвидено во условите на конкретниот настан.
Доколку откажувањето се изврши по истекот на рокот од 15 (петнаесет) дена од денот на резервацијата, обврската за евентуално враќање на средствата преминува на организаторот на настанот, согласно неговите услови за откажување и политика за рефундација.
Операторот на Апликацијата по истекот на рокот од 15 (петнаесет) дена нема обврска за враќање на уплатените средства и не сноси одговорност за одлуките на организаторот во врска со рефундацијата.
Корисникот е должен пред извршување на резервацијата да се запознае со условите за откажување и враќање на средства утврдени од организаторот на настанот.
5. Одговорност на корисникот
Корисникот се обврзува:
- да не ја користи Апликацијата спротивно на закон;
- корисникот на Апликацијата да биде полнолетно лице;
- да не внесува лажни или измамнички информации;
- да не врши активности кои можат да ја загрозат безбедноста на Апликацијата.
6. Ограничување на одговорност
Операторот на Апликацијата не е одговорен за:
- квалитетот на услугите обезбедени од угостителските објекти;
- неточни информации внесени од угостителските објекти;
- штета настаната поради прекин на интернет конекција или технички проблеми.
7. Интелектуална сопственост
Сите права на Апликацијата, логото, дизајнот, содржините и софтверот му припаѓаат на операторот на Апликацијата и не смеат да се користат без претходна писмена согласност.
8. Измени на условите
Операторот има право во секое време да ги измени овие Услови за користење. Измените стапуваат во сила со нивното објавување во Апликацијата.
9. Применливо право
На овие Услови се применуваат законите на Република Северна Македонија.